Договор за послуга
Склучен на година во , помеѓу:
1. , со ЕМБГ , со живеалиште на , , со лична карта бр. , во натамошниот текст: Послугодавач, и
2. , со ЕМБГ , со живеалиште на , , со лична карта бр. , во натамошниот текст: Послугопримач.
Член 1
Предмет
Послугодавачот му ја предава на Послугопримачот на бесплатна употреба следната ствар: .
Член 2
Употреба
Послугопримачот ќе ја користи стварта според нејзината вообичаена намена, внимателно, како добар домаќин. Без согласност од Послугодавачот не смее да ја дава на користење на друго лице.
Член 3
Траење и враќање
Стварта се дава на употреба од до година, кога Послугопримачот е должен да ја врати во состојбата во која ја примил, со вообичаено абење. Послугодавачот може да бара стварта да се врати и пред рокот, ако Послугопримачот ја користи спротивно на договорот или ако му стане неопходно потребна поради непредвидена причина.
Член 4
Трошоци и штета
Вообичаените трошоци за одржување за време на употребата ги сноси Послугопримачот. Тој одговара за оштетување или губење на стварта, освен ако штетата настанала со вообичаена употреба или без негова вина.
Член 5
Завршни одредби
За сè што не е уредено со овој договор се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи. Евентуалните спорови страните ќе ги решаваат спогодбено, а ако тоа не е можно, надлежен е судот во . Договорот е составен во 2 (два) истоветни примероци, по еден за секоја страна.