Договори, полномошна и барања, готови за пет минути
Пополнете ги податоците и гледајте како документот се пишува додека куцате. Износите со букви, датумите и членовите се пополнуваат сами. Преземете го во PDF или Word, или испечатете го веднаш.
- Бесплатно, без регистрација
- PDF, Word и печатење
- Податоците остануваат кај вас
Сите документи
Секој образец има јасен прашалник, жив преглед и упатство што да направите понатаму.
Договор за купопродажба на моторно возило
Продажба на автомобил, мотор или комби меѓу физички лица.
Пополни →Полномошно
Овластување некој да ве застапува пред институции, банка или во договор.
Пополни →Фактура
Фактура за стоки или услуги, со пресметан ДДВ и износ со букви.
Пополни →Договор за закуп на стан
Издавање стан под кирија, со депозит и отказен рок.
Пополни →Договор за дело
Еднократна работа: превод, дизајн, поправка, предавање.
Пополни →Договор за подарок
Подарување пари, возило или друг подвижен имот.
Пополни →Изјава (општ образец)
Писмена изјава за било која намена, со или без кривична одговорност.
Пополни →Договор за заем
Позајмица на пари меѓу лица, со или без камата.
Пополни →Записник за примопредавање
Состојба на стан, возило, опрема или изведени работи при предавање.
Пополни →Договор за купопродажба на стан
Нацрт за нотар. Преносот на недвижност се прави со нотарски акт.
Пополни →Преддоговор за купопродажба со капаро
Резервирате стан или куќа со капаро, до склучување на договорот кај нотар.
Пополни →Согласност за патување на малолетно дете
Изјава од родител кога детето патува во странство без него.
Пополни →Отказ на договор за закуп
Писмено известување за престанок на закупот, од закупецот или сопственикот.
Пополни →Опомена пред тужба
Последен повик до должникот да плати пред да одите на суд или кај нотар.
Пополни →Договор за вработување
Работен однос на определено или неопределено време, со плата и одмор.
Пополни →Изјава за отказ од работа
Работникот го откажува договорот за вработување.
Пополни →Договор за послуга
Бесплатно позајмување предмет на употреба, со рок за враќање.
Пополни →Согласност за фотографирање и објавување
Дозвола за фотографии и видео од вас или од вашето дете.
Пополни →Рекламација за производ со недостаток
Барате поправка, замена или враќање на парите за неисправен производ.
Пополни →Барање, молба, приговор или жалба
Општ поднесок до било која институција, фирма или установа.
Пополни →Договор за купопродажба на подвижна ствар
Продажба на техника, мебел, машина, опрема или друг предмет.
Пополни →Решение за користење годишен одмор
Работодавачот го определува периодот и бројот на денови годишен одмор.
Пополни →Договор за закуп на деловен простор
Издавање канцеларија, локал или магацин, со ДДВ, депозит и адаптации.
Пополни →Потврда за вработување
Ја издава работодавачот, за банка, амбасада или институција.
Пополни →Договор за доживотна издршка
Нацрт за нотар. Издршка до крајот на животот, а имотот по смртта.
Пополни →Патен налог
Упатување вработен на службено патување, со пресметка на трошоците.
Пополни →Договор за позајмица од содружник
Сопственикот позајмува пари на својата фирма за ликвидност.
Пополни →Испратница
Документ што ја придружува стоката при испорака, со потпис на примачот.
Пополни →Барање за неплатено отсуство
Работникот бара отсуство без плата, до 3 месеци годишно.
Пополни →Договор за доверливост
Заштита на деловни информации пред соработка или вработување.
Пополни →Спогодба за престанок на работниот однос
Работникот и работодавачот заеднички се договараат работниот однос да престане.
Пополни →Договор за цесија (отстапување на побарување)
Побарувањето од должникот го пренесувате на друго лице.
Пополни →Изјава за компензација
Две фирми ги пребиваат меѓусебните долгови без плаќање.
Пополни →Изјава за заедничко домаќинство
За банка, социјална заштита, стипендии и други институции.
Пополни →Барање за пристап до информации од јавен карактер
Барате податоци од министерство, општина или јавно претпријатие.
Пополни →Договор за вработување за сезонска работа
Краткорочна работа во туризам, угостителство, земјоделство или градежништво.
Пополни →Меничка изјава
Овластување доверителот да ја пополни бланко меницата при неплаќање.
Пополни →Одлука на единствениот содружник на ДООЕЛ
Распределба на добивка, нов управител, годишна сметка или друга одлука.
Пополни →Спогодба за чување, воспитување и издршка на децата
При развод: кај кој родител живеат децата, контакти и издршка.
Пополни →Договор за пренос на удел
Продажба или подарување на удел во ДОО или ДООЕЛ.
Пополни →Изјава за откажување од наследство
Наследникот се откажува од својот наследен дел во оставинската постапка.
Пополни →Договор за делба на брачен имот
Поделба на имотот стекнат во бракот: стан, возило, пари, долгови.
Пополни →Договор за закуп на возило
Изнајмување автомобил или комбе, со депозит и правила за користење.
Пополни →Договор за изведување градежни работи
Реновирање, адаптација или градба, со рокови, цена и гаранција.
Пополни →Договор за гаранција (јамство)
Трето лице гарантира дека должникот ќе го врати долгот.
Пополни →Договор за деловна соработка
Заеднички проект или долгорочна соработка меѓу две фирми или лица.
Пополни →Договор за хипотека
Нацрт за нотар. Недвижност како обезбедување за заем или друг долг.
Пополни →Барање до општина
Општо барање до локалната самоуправа за било кое прашање.
Пополни →Договор за волонтирање
Волонтер и организатор: активности, време, трошоци и осигурување.
Пополни →Договор за практикантска работа
Практикант стекнува работно искуство кај работодавач, со ментор и надоместок.
Пополни →Договор за нарачано авторско дело
Текст, дизајн, фотографија, музика или софтвер по нарачка, со пренос на права.
Пополни →Договор за закуп на земјоделско земјиште
Издавање нива, лозје или овоштарник во приватна сопственост.
Пополни →Договор за влог (чување ствар)
Оставате предмет на чување кај друго лице, бесплатно или со надоместок.
Пополни →Договор за размена
Замена на ствар за ствар, со или без доплата.
Пополни →Записник од собрание на сопственици на зграда
Одлуки на станарите: одржување, управител, поправки, куќен ред.
Пополни →Договор за управување со зграда
Заедницата на сопственици ангажира управител за одржување на зградата.
Пополни →Договор за посредување во промет со недвижности
Ангажирање агенција за продажба, купување или издавање недвижност.
Пополни →Договор за подзакуп
Закупецот издава стан, соба или простор на трето лице, со согласност од сопственикот.
Пополни →Изјава за согласност од сосопственик
Согласност за градба, реконструкција, закуп или продажба на заеднички имот.
Пополни →Изјава за откажување од онлајн купување
Враќате стока купена преку интернет или телефон и ги барате парите назад.
Пополни →Договор за продажба на стока
Продажба меѓу фирми: стока, цена, испорака, рекламации и плаќање.
Пополни →Договор за превоз на стока
Ангажирање превозник за домашен или меѓународен транспорт.
Пополни →Договор за спонзорство
Фирма финансира настан, клуб или проект, а добива промоција.
Пополни →Договор за закуп на опрема
Изнајмување машини, алати, озвучување, техника или друга опрема.
Пополни →Биографија (CV)
Уредна биографија за пријава за работа, со искуство, образование и вештини.
Пополни →Барање за раскинување договор со оператор
Раскинување на договор за мобилна, интернет или ТВ услуга.
Пополни →Добивте договор на потпис? Прво проверете го.
Прикачете го во PDF, Word или како слика. AI ќе ви даде кратко резиме, важните точки и кои одредби се поволни, а кои ризични.
Како работи
Три чекори, без препишување и без уредување во Word.
Пополнете го прашалникот
Податоци за страните, предметот, цената и условите. Ако нешто не знаете, оставете празно. Во документот ќе остане линија за рачно пополнување.
Преземете или испечатете
Готовиот текст го гледате додека куцате. Преземете PDF или Word, или притиснете „Печати“. Ако има празни полиња, прво ќе ве прашаме.
Потпишете и заверете
Каде законот бара заверка, под документот пишува што да понесете кај нотар, во МВР или во институцијата.
Чести прашања
Дали користењето е бесплатно?
Да. Сите обрасци можете да ги пополните и да ги преземете во PDF или Word без сметка и без плаќање.
Кои документи мора да се заверат кај нотар?
Зависи од документот. Кај купопродажба на возило потписите се заверуваат заради пренос на сопственоста во МВР. Се заверуваат и полномошното за застапување пред органи и согласноста на родител за патување на дете. Договорите за пренос на недвижност се склучуваат кај нотар во форма на нотарски акт, па нашиот образец служи како нацрт. Договорите за закуп, заем и дело важат и без заверка. Под секој образец, во делот „Што понатаму“, пишува што е потребно.
Можам ли да преземам празен образец?
Да. Ако некое поле остане празно, пред преземањето или печатењето ќе ве прашаме дали сакате да продолжите. Празните полиња стануваат линии за рачно пополнување.
Каде се чуваат податоците што ги внесувам?
Во вашиот прелистувач. Документот се создава на вашиот уред и ништо не се испраќа на сервер. Недовршениот документ ќе го најдете кога ќе се вратите на истиот уред.
Во кој формат го добивам документот?
Во PDF, подготвен за печатење, или во Word (.docx), ако сакате да го дополнувате. Можете и директно да го испечатите од страницата.
Како работи AI анализата на договор?
Прикачете договор или акт во PDF, Word или како слика. Документот се чита во вашиот прелистувач и се испраќа до AI моделот, кој враќа кратко резиме, важните точки и позитивните и негативните страни. Документот не се чува. Цената зависи од бројот на страници и се прикажува пред плаќањето. Резултатот го чувате во прелистувачот, како PDF или како линк. Анализата може да има грешки и не е правен совет.
Дали ова е правен совет?
Не. Сајтот Правни обрасци не е адвокатска канцеларија и не е поврзан со државни органи. Обрасците се за општа намена и ги покриваат вообичаените ситуации. За наследство, спорови или даночни прашања кај фирми обратете се кај адвокат, сметководител или нотар.