Договор за превоз на стока
Склучен на година во , помеѓу:
1. , со седиште/адреса , ЕДБ/ЕМБГ , во натамошниот текст: Налогодавач, и
2. , со седиште/адреса , ЕДБ/ЕМБГ , во натамошниот текст: Превозник.
Член 1
Предмет
Превозникот се обврзува да ја превезе следната стока: .
- Натовар
- ,
- Истовар
- , најдоцна до
- Примач
- Возило
Член 2
Обврски на Превозникот
Превозникот го обезбедува исправно и соодветно возило, ги поседува дозволите за превоз и стоката ја превезува со внимание на добар стопанственик. Стоката ја предава на примачот со товарен лист или испратница, на кои примачот потврдува прием.
Член 3
Обврски на Налогодавачот
Налогодавачот ја пакува стоката соодветно за превоз, му ги предава на Превозникот потребните документи и го известува за посебните својства на стоката. Натоварот го врши Налогодавачот, освен ако поинаку се договори.
Член 4
Цена
Цената на превозот изнесува денари (со букви: ), без ДДВ, и се плаќа во рок од дена од приемот на фактурата и потпишаниот товарен лист.
Член 5
Одговорност
Превозникот одговара за губење, оштетување или доцнење на стоката од натоварот до предавањето на примачот, освен ако штетата настанала поради својствата на стоката, лошо пакување, виша сила или вина на Налогодавачот. Кај меѓународен превоз одговорноста се определува според Конвенцијата CMR.
Член 6
Осигурување
Превозникот изјавува дека има осигурување од одговорност на превозник за времетраењето на превозот.
Член 7
Завршни одредби
За сè што не е уредено со овој договор се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи. Евентуалните спорови страните ќе ги решаваат спогодбено, а ако тоа не е можно, надлежен е судот во . Договорот е составен во 4 (четири) истоветни примероци, по 2 (два) за секоја страна.