Договор за волонтирање
Склучен на година во , помеѓу:
1. , со седиште/адреса , ЕДБ/ЕМБГ , во натамошниот текст: Организатор, и
2. , со ЕМБГ , со живеалиште на , , со лична карта бр. , во натамошниот текст: Волонтер.
Член 1
Предмет
Волонтерот доброволно, без надомест, ќе ги врши следните активности за Организаторот: , во .
Член 2
Траење и време
Волонтирањето трае од година, по распоред договорен со Волонтерот.
Член 3
Права на Волонтерот
Волонтерот има право на информации и обука за активностите, на безбедни услови и заштитна опрема, на почитување на приватноста и на писмена потврда за волонтирањето со опис на активностите и бројот на часови.
Член 4
Обврски на Волонтерот
Волонтерот ги врши активностите совесно, ги почитува упатствата на Организаторот и ги чува доверливите информации што ќе ги дознае.
Член 5
Трошоци
За трошоците при волонтирањето: организаторот ги надоместува трошоците за превоз, храна и сместување.
Член 6
Осигурување
Организаторот го осигурува Волонтерот од последици од несреќен случај за времето на волонтирањето, кога тоа го бара законот или природата на активностите.
Член 7
Престанок
Секоја страна може да го раскине договорот со писмено известување 7 дена однапред.
Член 8
Завршни одредби
За сè што не е уредено со овој договор се применуваат одредбите од Законот за волонтерство и Законот за облигационите односи. Договорот е составен во 2 (два) истоветни примероци, по еден за секоја страна.