Договор за управување
со зграда
Склучен на година во , помеѓу:
1. Заедницата на сопственици на посебни делови од зградата на , застапувана од претседателот , во натамошниот текст: Заедница, и
2. , со седиште/адреса , ЕДБ/ЕМБГ , во натамошниот текст: Управител.
Член 1
Предмет
Заедницата му ги доверува на Управителот работите на управување со зградата, која има посебни делови.
Член 2
Обврски на Управителот
Управителот се обврзува:
- да води евиденција за сопствениците на посебните делови и за заедничките делови на зградата;
- да ги собира придонесите и да ги чува на посебна сметка на Заедницата, одвоено од своите средства;
- да организира хигиена, тековно одржување и поправки на заедничките делови, редовни прегледи на лифтот, громобранот и противпожарната опрема;
- за итни дефекти да организира поправка во рок од 24 часа од пријавувањето;
- да ги чува документите на зградата и да ги известува сопствениците на огласната табла;
- најмалку еднаш годишно да поднесе писмен финансиски извештај и извештај за работата пред собранието на Заедницата.
Член 3
Надоместок и придонеси
За управувањето секој сопственик на посебен дел плаќа месечен надоместок од денари. Инвестиционите работи се изведуваат врз основа на одлука на собранието.
Член 4
Обврски на сопствениците
Сопствениците се обврзуваат редовно да ги плаќаат надоместокот и придонесите, да овозможат пристап до инсталациите кога е потребно и да ги почитуваат куќниот ред и одлуките на собранието.
Член 5
Траење и отказ
Договорот се склучува за години, почнувајќи од година. Секоја страна може да го откаже со писмено известување дена однапред. При престанокот, Управителот во рок од 15 дена ги предава документите и средствата од посебната сметка.
Член 6
Завршни одредби
За сè што не е уредено со овој договор се применуваат одредбите од Законот за домување и Законот за облигационите односи. Евентуалните спорови страните ќе ги решаваат спогодбено, а ако тоа не е можно, надлежен е судот во . Договорот е составен во 2 (два) истоветни примероци, по еден за секоја страна.